ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 5/2018

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. 01-2372/1 од 03.05.2017 год., бр. 01-1832/4 од 21.03.2018 год.,бр.01-1832/6 од 02.04.2018 година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 5/2018 за унапредување на административнен службеник во Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник на следново работно место:

1. УПР 01 01 В01 000, Советник за увоз, извоз и транзит на отпад и изработка на мислења и регистрација на правни лица кои поседуваат дозволи за собирање и транспорт на отпад како и за дозволи за третман/преработка и складирање на отпад, Одделение за управување, увоз, извоз и транзит на отпад и за регистрација и евиденција на управувачите и постапувачите со отпад и за управување со посебни текови на отпад, Сектор отпад -1 (еден) извршител

Општи услови:
-    да е државјанин на Република Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здрaвствена способност за работното место и
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови:
-    ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Хемија, Градежништво и водостопанство и животна средина

-    најмалку три години работно искуство во струката

-    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
За работното место под број 1 платата е во нето износ од24.988,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за ситематизација во Министерството за животна средина и просторно планирање, при ова административните службеници треба да ги исполнува и следните услови:

-    да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-    да поминал најмалку две години на тековното работно место и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса наОдделението за управување со човечки ресурси

Coveckiresursi@moеpp.gov.mk.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
-    потврди за успешно реализирани обуки и/или
-    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

ПРИЈАВА

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.