ЕБРД со нова Стратегија за Македонија за 2018-2023

ebrd_drzaven2(24.07.2018г.) Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска во име на Министерството за животна средина и просторно планирање ги прими тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на ЕБРД во Македонија. На состанокот претставниците на ЕБРД го презентираа статусот на нацрт-стратегијата за Република Македонија за периодот 2018-2023, ги посочија клучните приоритети и иницираа натамошна координација со Министерството за животна средина и просторно планирање за да се вградат националните приоритети од областа животна средина.

Целите на оваа стратегија вклучуваат подобрена општинска инфраструктура на локално и општинско ниво (вода, отпад и отпадни води) и соработка со приватниот сектор во подобрувањето на рециклажата на отпад. Со цел конкретизирање на соработката, беше договорено до средината на месец август Министерството да даде коментари и предлози во однос на документот.

Конечното одобрувањето на Стратегија, со што ќе започне нов циклус на финсиска поддршка во Македонија се очекува да се случи при крајот на годината, во тек на месец декември.