Во Скопје се одржа 7-ми Состанок на регионалната работна група за животна средина

4Во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки го отвори 7-от Состанок на регионалната работна група за животна средина на шесте економии од Југоисточна Европа: Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово* и Србија.

Потенцирајќи дека состанокот ќе придонесе за унапредување на одржливиот развој и соработката меѓу сите економии од Западен Балкан усогласени со националните и регионалните приоритети и Стратегијата 2020, министерот Дураки во своето воведно обраќање истакна:

- За сите нас е многу значајно што за два проекти – Клима Пруф и Нексус, за кои оваа работна група има управувачка улога, веќе има обезбедено финансии од Австриската развојна агенција. На оваа средба ќе имаме можност да го проследиме прогресот и идните чекори во реализацијата на двата проекти.

Тој изрази уверување и дека сите иницијативи што ќе бидат презентирани во рамки на оваа работна група ќе дадат значаен придонес во креирањето на идните политики и активности на нашата држава, а позитивните резултати се неминовни.

На отварањето, обраќање имаше и заменик генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Газмен Турдио.

На средбата беа презентирани и работниот план и планираните заеднички активности за идна соработка дефинирани на состанокот кој членовите на Работната група за биодиверзитет го одржаа претходниот ден.