Вклучете се во регионалниот виртуелен Зоохакатон

hak6Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да се вклучите во регионалниот виртуелен Зоохакатон,чија цел е да се помогне борбата против нелегалната трговија со диви животни. Настанот, кој ќе се одржуваод 6 до 8 ноември 2020г., го организира Американската амбасада со партнерот, фондацијата „Фри Спирит“.

Вашето учество може да го пријавите на адресаhttps://www.itfortheplanet.org/register/, а регистрацијата е отворена до 25 октомври.

Зоохакатонотпретставува единствен начин на едно место да се соберат технолошки решенија кои ќе помогнат во борбата против трговијата со диви животни, нелегалната сеча на дрва, подигањето на јавната свест, поттикнувањето на иновации и едукацијата на заинтересираните. Зоохакатонот е глобален настан. Оваа година, поради ограничувањата поврзани со COVID-19, ќе се одржат шест виртуелни натпревари во Зоохакатон, а нашата држава се вклучува во настаните за Европскиот регион.

Пријавените екипитреба да обработат една од „изјавите за проблемот“ (“problem statements” ) поврзани со трговијата со диви животни и ќе работат на развој на решенија што можат да помогнат во откривање на трговијата со диви животни, решенија што ќеја променат побарувачката на пазарот или да креираат веб-страници, мобилни апликации, виртуелни датабази или софтвер за едукација на јавноста.

На крајот од натпреварот, тимовите виртуелно ќе ги презентираат своите решенија пред оценувачи кои ќе изберат победничко решение за Европскиот регион. Победниците ќе бидат наградени,со што ќе им се помогне да ја реализираат својата идеја или да развијат нови, професионални вештини.

Една недела по Европскиот Зоокакатон, победничките тимови, исто така виртуелно, ќе го претстават своето победничко решение пред оценувачи од Вашингтон, кои ќе го изберат победникот за глобалната награда!

 

За повеќе информации околу настанот, посетете ја веб страницата: https://www.itfortheplanet.org/about-the-hackathon-2020/.

Линкови до неколку видеашто ги креираше „Free Spirit“за настанот:

• Кодирање за да се стави крај на трговијата со диви животни: http://zoohackathon.com/pastevents/

• ловокрадство на животни: https://youtu.be/GlNSqNKgIXo

- Комплет за социјални медиуми: https://www.itfortheplanet.org/social-media-kit/

 

За повеќе информации околу минатите иновации во Зоохакатон, посетете ја страницата: http://zoohackathon.com/pastevents/