Ќе се реконструира и проширува канализациона мрежа во Берово

(09.12.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Берово, Драги Наџински, градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, директорот на ЈПКР “Услуга”-Берово, Љупчо Дракалски и директорот на ЈКП “Комуналец”– Пехчево, Ванчо Секуловски, денеска, го потпишаа договорот за спроведување на ИПА проектот “Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Берово”.

Вкупната вредност на инфраструктурниот проект изнесува 5 милиона евра, со кој ќе се изврши рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Берово во должина од 33 километри и изградба на колекторски систем од Пехчево до Берово и поврзување на Пехчево со пречистителната станица на отпадни води во Берово.

Проектот проект ќе го спроведува Министерството, во соработка со општините Берово и Пехчево. Финансиите се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА), а проектот е кофинансиран од Буџетот на Р. Македонија.