Југохром мора да ги испочитува сите неопходни еколошки стандарди

4Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска ја посети општина Јегуновце, при што оствари работна средба со градоначалнкот Тони Коцески.

На средбата се разговараше за состојбата со животната средина во оваа општина, за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа во оваа област, како и за тековните и идните заеднички роекти.

Во изјавата за медиуми министерот Изаири изрази задоволство од добрата соработка со општина Јегуновце остварена во реализацијата на проектот „Изградба на канализација во н.м. Шемшево-прва фаза и колектор од н.м. Жилче до река Вардар“, а беше најавено и започнување на проектот „Рехабилитација на речно корито на р. Вардар во близина на с. Туденци, општина Јегуновце“ за кој оваа година од буџетот на Република Македонија се обезбедени средства во висина од 100 милиони денари.

Заеднички е ставот за важноста на проектот со чија реализација во голема мера ќе се намали ризикот од изливање на реката со што Општината се соочува години наназад.

На средбата се разговараше и за проблемот со загадувањето на амбиентниот воздух и за состојбите со Југохром, кој како голем индустриски капацитет потпаѓа под оваа општина.

По средбата, министерот, градоначалникот и екипа од Државниот инспекторат за животна средина го посетија Југохром при што поразговараа со потесното раководство на компанијата предводено од генералниот директор Васко Скендеровски.

Изаири и Коцески искажаа недвосмислен став дека овој индустриски капацитет мора да ги испочитува сите неопходни еколошки стандарди.