Јавен оглас број 08/2018

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува оглас за ангажирање на 1 лицe – консултант во рамките на проектот ‘Зајакнување на капацитетите за развој на националните регистри за загадувачи и трансфер на загадувачи (PRTR) и поддршка на спроведувањето на SAICM во две земји со економии во транзиција, Република Молдавија и Република Македонија’ кој го спроведува Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи и тоа:

1. Ангажман на 1 (еден) Национален консултант за подготовка на водичи/прирачници за процена на емисиите

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува следниве услови:

- Универзитетско образование од областа  по хемиски,  еколошки, технолошки или други технички науки

- напредно познавање на англиски јазик

- напредно познавање на компјутерски вештини

- Магистерски степен ќе се смета како предност

- Искуство во ратификација и имплементација на PRTR протоколот – ќе се смета како предност

Општо професионално искуство

Најмалку 10 години општо професионално искуство во областа на заштитата на животната средина, намалување на индустриското загадување, транспорт, загадување на воздухот или подготовка на национални инвентари.

Специфично професионално искуство

• Искуство во најмалку два проекти поврзани со подготовка на инвентар за емисии

• Познавање на националното законодавство за животната средина за емисиите на воздух и PRTR искуството во користењето на Прирачникот за ЕМЕП / ЕЕА

• Тековни или претходни членства во професионални тела поврзани со емисии на воздух ќе се смета како предност

• Потребно е искуство во спроведувањето на меѓународни договори поврзани со емисиите во воздухот

Очекувани испораки:

1. Прирачник  за проценка на емисии во метална и хемиска индустрија

2.Прирачник за проценка на емисиите од производство на енергија и топлина

3. Прирачник за проценка на емисиите во земјоделството и фармите

4. Прирачник за проценка на емисиите од постројки за согорување на отпад и постројки за третман на отпад

Времетраење на ангажманот: 4 месеци т.е 11 работни недели

Покрај горенаведените потребни квалификации,кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

Да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Заинтересираните кандидати треба да ја достават следната документација: мотивационо писмо, кратка биографија, копија од уверение за државјанство, копија од диплома за завршен факултет заверена на нотар, како и други дипломи и сертификати кои ги поседуваат, а се релевантни за работното место.

Документи кои го потврдуваат потребното искуство кое се бара во наведените услови за позицијата.

Потребната документација да се достави во затворен коверт директно до Архивата на

Министерството за животна средина и просторно планирање, или по пошта на следнава адреса:

Министерство за животна средина и просторно планирање Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување“)

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена, сметано од денот на објавување на огласот. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Министерството.