Стапени во сила измените на Законот за управување со отпад

Стапени во сила измените на Законот за управување со отпад 1МЖСПП информира дека Законот за изменување на Законот за управување со отпад е објавен во „Службен Весник на РСМ“ бр.31/2020 на 10.02.2020г. Согласно измените, Министерството ги информира сите засегнати страни дека пратките со отпад кои ќе доспеат на некој од граничните премини на РСМ, а кои се класифицирани со шифра на отпад согласно Листата на видови отпад (Службен весник на РМ бр.100/05) „19 12 12“ и „19 12 10“  со Царинска тарифа од групата 3825, нема да биде дозволено да се увезат во земјата. Отпадот со овие шифри на отпад е наменет за користење како енергија, а согласно гореспоменатиот закон, истото се забранува.

Исто така, нема да биде дозволен увоз на пратките со отпад каде шифрата на отпад е „19 12 04“,  шифра на Базелската Конвенција В3140 и Царинска тарифа 40040000, за увоз заради согорување, за што единствено поседува дозвола компанијата ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО Кавадарци. За останатите пратки на отпад со оваа царинска тарифа и шифра на отпад, кои се наменети за преработка или рециклирање, забраната не важи.

За пратките на отпад со шифрата „19 12 04“ класифицирана под шифра Базелската Конвенција В3010 а во Царинска тарифа од групата 3915 и подгрупи во зависност од видот на полимерот (3915 10 00 00, 3915 20 00 00, 3915 30 00 00, 3915 90, 3915 90 11 00, 3915 90 80 00) е дозволен увозот заради преработка или рециклирање.