Средба на министерот Дураки со норвешкиот амбасадор Бјорнстад

(06.02.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад. На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка меѓу двете држави на полето на заштита на животната средина и тоа пред се преку спроведување на два проекта: Зајакнување на капацитетите за олеснување на имплементацијата на Европската шема за трговија со емисии во Р.Македонија и Проектот за интегрирана контрола на загадувањето.

Заеднички е ставот дека успешната соработка треба да продолжи, а дека во наредниот период акцент треба да се стави на проекти за обезбедување на чиста вода за пиење и за заштита од поплави. Исто така, норвешкиот амбасадор истакна дека Норвешката Влада е подготвена да даде поддршка во пристапните преговори на Македонија за влез во ЕУ, особено во реализација на Поглавје 27.