Средба на министерот Дураки со градоначалникот на Чаир

(13.03.2018) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу.

На средбата се разговараше за предивиците со кои се соочува општината во областа на заштита на животната средина, како и за понатамошно развивање и продлабочување на соработката помеѓу Министерството и локалната самоуправа во оваа област.