Се подготвува Закон и Стратегија за климатска акција

climateУправниот одбор на ИПА Проектот за изработка на Закон и долгорочна стратегија за климатска акција одржа состанок, во кој беа презентирани анализите за тековната состојба во Република Северна Македонија од аспект на усогласеност со Европската законодавна и стратешка рамка, како и патоказите како ќе се продолжи со нејзино вградување во националниот систем на управување со климатската акција.

На состанокот учествуваше и министерот Нуредини, кој ја изрази личната поддршка на процесот, потврдувајќи ја заложбата на Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на РСМ за третирање на прашањето на климатските промени на високо ниво во политичката агенда.

Подетални информации можете да најдете на слчедниот: https://climateaction-ipaproject.mk/