Прогрес во секторот природа во изминативе две години

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Владата на 13.03.2018 ги донесе Националната стратегија за биолошка разновидност со Акционен план (2008-2013) и Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027),

Национална легислатива

Во делот на националната легислатива изработен е нов Закон за природа во кој целосно се транспонирани одредбите од ЕУ Директивата за живеалишта, Директивата за птици, и беа изработени подзаконските акти поврзани со воспоставување на  Натура 2000 и истиот е во фаза да донесување.

Согласно Законот за заштита на природата отпочната е постапка за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел.  Од страна на Владата на 05.05.2020 донесена е Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од осоговските планини за заштитено подрачје во категорија v-заштитен предел

Согласно Законот за заштита на природата отпочната е постапка за прогласување и на дел од Шар Планина  за заштитено подрачје во категоријата II национален парк. Од страна на Владата на 05.05.2020 донесена е Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Шар Планина планини за заштитено подрачје во категорија II -Национален парк

Согласно Законот за заштита на природата отпочната е постапка за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата v-заштитен предел

Како придонес за зачувување на природните вредности на национално ниво прогласени се пет (5) природни реткости, вклучително и старото Платаново стебло во Охрид.

Донесен е План за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, како обврска од Конвенцијата за заштита на светско културно и природно наследство (УНЕСКО).

Подобрено е управувањето со заштитените подрачја, така што е донесен Планот за управување со споменик на- Вевчански Извори со Извештај за стратегиска оценка. Подготвени се нацрт-планови за управување со спомениците на природата Маркови Кули и Преспанско Езеро.

Во соработка со Македонско Еколошко Друштво изработен е предлог Акциски План за борба против отрови за диви животни.

Изработен е 6-от национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD)

Натура 2000

pticiИзработен е инвентар за идентификација на идни потенцијални 3 Натура 2000 подрачја, во сливот на река Брегалница.

Во рамки на ЕУ Твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, изготвени се:

-студии за валоризација и нацрт-планови за управување за делот за Натура 2000 за две пилот заштитени подрачја, како што се НП Пелистер и Споменик на природа (СП) Преспанско Езеро.

-Направена е инвентаризација на живеалиштата и видови од ЕУ значење со цел пополнување на Стандарен формулар за Натура 2000 за двете пилот заштитени подрачја.

-Дополнително е изготвен нов Стандарен формулар за Натура 2000 за Островот Голем Град.

-Изготвени се протоколи за мониторинг на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ значење и истите се тестирани во двете пилот заштитени подрачја, изготвени се Петгодишна Програма за мониторинг на биолошка разновидност, Физибилити студија за вклучување на граѓанското општество во мониторинг на биолошката разновидност, Нацрт-План за вклучување на засегнати страни за имплементација на Натура 2000 како и долгорочен трeнинг план за имплементација на ЕУ директивите за живеалишта и птиции и др.

-Со цел навремено информирање на граѓаните за активностите и резултатите од проектот информации за НАТУРА 2000 беа и сеуште се објавуват преку веб порталот www.natura2000.gov.mk, како и преку социјалните мрежи.

Валоризацијана природно наследство

OsogovoПостигнат е значителен напредок во валоризацијата на природното наследство, при што се изработија студии за валоризација на природните вредности на Шар Планина, Осоговски Планини, Преспанско Езеро, Водно и  НП Пелистер.  Во тек е изработка на Студија за Ченгино Кале на Малешевските Планини и дополнување на студијата за Студенчишко Блато.

Се очекува за започнат активности во соработка со ИУЦН за изработка на студии за валоризација на природните вредности за Охридско езеро.

Утврдена е состојбата на екосистемите во нашата земја, а почнати се активности за пилот механизам за плаќање на екосистемски услуги.

Заштита на диви видови

Во рамки на  ГЕФ/УНЕП Проектот “Постигнување заштита на биодиверзитет преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирање на користење на земјиштето” (STAR 5) во соработка со Канцеларијата на IUCN ENCARO во Белград, кој ги води активностите, а во координација на МЖСПП и локални експерти, изготвена е:

- првата Национална Црвена листа за херпетофауна (водоземци и влекачи) согласно критериуми, насоки и процедури на Светската унија за заштита на природата (ИУЦН). Дополнително, извршена е проценка на 14 видови васкуларни растенија, кои имаат меѓународно и национално значење и изготвена е Приоритетна листа на таксони на флората на национално ниво како основа за понатамошна селекција и утврдување на конечна листа со приоритетни таксони за Црвената листа на флората на државата.

Со тоа се направи напредок во делот на усогласување на националното законодавство за заштита на видовите со ЕУ директивата за живеалишта и ЕУ Регулативата за заштита на дива фауна и флора преку регулирање на трговијата (ЦИТЕС).

Изработена е Веб страница на МЖСПП на Националната Црвена листа, со податоци од извршените проценки и конзерваторски статус за сите 46 водоземци и влекачи на национално ниво и за 14-те васкуларни растенија.

http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/

Прекугранична соработка и меѓународни иницијатива за заштита на природата

Прекуграничната соработка за заштита на природата е унапредена во рамки на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ). Започнати се проектните активности во рамките на Преспа-Охрид Фонд за природа (PONT) за НП Пелистер, НП Галичица и СП Преспанско Езеро и Езерани.

Доставено е Досие за номинација на локалитетот Длабока Река во НП Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО за старите букови шуми до Светскиот центар на УНЕСКО во Париз.

Во соработка со невладиниот сектор изготвена е предлог апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато на Листата на Рамсарската Конвенција. Во тек е нејзино институционално усогласување.

Активно сме вклучени во Регионалната работна група за Биодиверзитет. Изработена е  Зелената агенда за Западен Балкан каде во соработка со DG NEAR I DG ENV активно ќе се работи на регионалниот пристап и подобрување со управување со биодиверзитетот на регионално ниво.

Дадено писмо за поддршка за проект за Зелен климатски фонд: Глобалниот суб-национален фонд за климатски промени кој ќе ги катализира решенијата за ублажување и прилагодување на климата на локално ниво преку трансформативен модел за финансирање. Фондот е дизајниран со решенијата засновани на природата.

Зајакнување на капацитети

МЖСПП ја зајакна соработката со Јавните установи НП Пелистер, НП Маврово и НП Галичица и останатите субјекти за управување со заштитените подрачја, локалните власти, инспекциските служби, јавните претпријатија, агенциите, научните и стручните институции, останатите засегнати страни (фармерите, сопствениците на земијште, ловците и риболовците) и невладините организации инволвирани во заштита на природата.

Исто така се зајакна соработката на МЖСПП и со невладините организации како и со меѓународни организации од областа на заштитата на природата (IUCN ENCARO, УНЕП, СДЦ, ГИЗ, УНДП и др.).

Промоција на природно наследство

Во рамките на одбележување на меѓународниот ден за биолошка разновидност 22 мај во 2019 година МЖСПП организира настан за промоција на Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски план за период (2018-2023).

Воедно одбележан е меѓународниот ден за НАТУРА 2000 – 21 мај во Информативен центар за природа во НП Пелистер  и с.Негрево, Пехчево.

Проектни активности

Во рамки на ГЕФ/УНЕП Проектот “Постигнување заштита на биодиверзитет преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирање на користење на земјиштето” (STAR 5) започнаа активности за:

- идентификација на шуми со високи природни вредности и

- беше одредена квота за одржливо собирање на мешкино грозје,

- изработка на Студија за валорзација на Шар Планина и

- Црвени Листи за водоземци, влекачи и 14 васкуларни растенија

Во соработка на МЖСПП со ГИЗ во рамки на Проектот за Заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро (CSBL), од страна на експерти беше изготвен Прирачник за следење за езерски видови и живеалишта.

Продолжи спроведувањето на Проектот “Програма за зачувување на природата на Македонија”, Фаза II финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка“ (SDC), кој е фокусиран на сливно подрачје на р. Брегалница. Спроведени се активности за утврдување на подрачја на живеалишта и видови од Европско значење заради идентификација на потенцијални Натура 2000 подрачја во Брегалнички регион и притоа беа селектирани три потенцијални подрачја (Овче Поле, Долна Брегалница и Ченгино Кале) за идни Натура 2000 подрачја, за кои е планирано да се изработат Стандардни формулари за Натура 2000. Одржани се работилници со засегнати страни и беше спроведена кампања за Натура 2000 во Источно Планскиот регион.

Во рамки на подкомпонентата за екосистемски услуги извршена е селекција на екосистемите и нивно мапирање на цела територија на државата. Се работи на утврдување на состојбата на екосистемите, а планирано е да се развие и пилот механизам за плаќање на екосистемски услуги. Изготвена е брошура за екосистемски услуги и долгорочен план за јакнење на капацитети за сите засегнати страни за екосистемски услуги. Како дел од имплементација на планот се спроведуваат модули за засегнатите страни за прашања поврзани со екосистемските услуги.

Паралено со овие активности се спроведуваат активности од подкомпонентата за заштитени подрачја, насочени кон прогасувањње на дел од осоговските Планини за заштитено подрачје и валоризација на природните вредности на Малешевските Планини

Во рамки на УНЕП Проектот „Поддршка за изработка на 6-от национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разнповидност (CBD)“, МЖСПП отпочна активности со засегнатите страни со цел изработка на наведениот извештај.

Во рамки на ГИЗ Проектот „Управување со податоци за биодиверзитет и известување“ реализирани се активности за изготвување на регионална политика за управување со податоци за биодиверзитет за пет годишен период, дополна на регионална листа на ендемични видови за нови таксономски видови и развивање на модули за информативни системи за биодиверзитет.

Започна регионален ЕУ проект: Програма за партнерство за животна средина во процесот на пристапување (ЕППА) за Западен Балкан и Турција во кој МЖСПП активно учествива во делот за природа и шумарство

Започнат е проект поддржан од ЕБОР кој поддржува “Програмата за градење на капацитетите на биолошката разновидност”. Целта на проектот е да се промовираат добри меѓународни практики во земјата и да се поддржат  државни институции, државни претпријатија одговорни за развој, проектирање, градење и / или оперативна инфраструктура, граѓанско општество, консултанти за биодиверзитет и академски институции со цел да се изградат капацитети за проценка и управување со биодиверзитетот и заштитените подрачја. Беа одржани обуки со засегнатите страни.

Продолжи спроведувањето на ЕУ/УНДП Проектот “Унапредување на управувањето со заштитените подрачја” (Грантова шема). Проектот има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, истовремено зголемувајќи го капацитетот на назначените органи, локалните власти и невладините организации да управуваат и да ги промовираат заштитени подрачја. Селектирани се 25 проектни апликации за заштитените подрачја и потенцијални Натура 2000 подрачја и истите се во тек на реализација.