Програмата за управување со водите за 2020 година

Врз основа на член 218 став (1) од Законот за водите (Службен весник на Република Македонија бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16) Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 28.12.2019 година донесе ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ ЗА 2020 ГОДИНА.

Програмата за управување со водите за 2020 година објавена е во Службен весник на Република Северна Македонија бр.278/19 од 28.12.2019 година

Средствата од оваа програма ќе се користат врз основа на доставени барања и соодветни документи утврдени во чл. 4 од Програмата и тоа:

- Барање може да поднесат единиците на локална самоуправа и јавните комунални претпријатија најдоцна до 31.03.2020 година за финансирања за „Изградба на нови и одржување и унапредување постојните јавни водоснабдителни објекти”.

- Барање може да поднесат единиците на локална самоуправа и водостопанствата надлежни за регулација на водотеци најдоцна до 31.03.2020 година за финансирања за „Регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода“.