Потпишан меморандум за соработка помеѓу МЖСПП и универзитетот „Мајка Тереза“

2_1Водени од заеднички интерес за квалитативно унапредување на образованието и оспособување и обука на кадри од областа на заштитата на животната средина, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и ректорот на Универзитетот Мајка Тереза, Азис Положани, потпишаа Меморандум за соработка.

Потпишување на документот е резултат на потребата за поврзување на ресорните институции изразено преку размена на научни и стручни искуства, знаења и практики; подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на инженерско-техничкиот кадар; подготовка на заеднички проекти, анализи и проценка од областа на животната средина и просторното планирање.

Со Меморандумот, се овозможува и користење на техничко-професионалните услови, материјали, простории и лаборатории, како и учества во работни групи за подготовка на законски и подзаконски акти, плански документи и друг тип на документи од областа на животната средина и просторното планирање.