Подобрувањето на состојбата со животната средина во о. Тетово тема на средбата помеѓу министерот Нуредини и градоначалникот Арифи

Nuredini_Arifi_1(08.08.2019г) На вчерашната средба помеѓу министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи разговараа за повеќе тековни проекти во о. Тетово од областа животна средина.

На средбата се разговараше и за актуелната изградба на пречистителни станици за отпадни води во повеќе населени места во општината, како и за реализација на проекти со кои жителите ќе добијат пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Воедно, министерот Нуредини и градоначалникот Теута се согласија дека ќе работат на долгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Тетово, разгледувајќи повеќе мерки од Планот за чист воздух, кои се предвидени за реализација во општината.

Состанокот беше искористен и за разговор околу отпочнување на нови проекти кои ќе придонесат за зајакнување на постојната блиска соработка меѓу министерството и општина Тетово, кои за граѓаните на Тетово ќе значат квалитативно подобрување на состојбата со животната средина.