Подготовка на Национален план за управување со отпад на Република Северна Македонија за периодот 2020-2030

Почитувани,

Ве информираме дека во насока на подобрување на на управувањето со отпадот преку надополнување на националните плански документи, во тек е подготовка на Национален план за управување со отпад на Република Северна Македонија за периодот 2020-2030.

Министесрството за животна средина и просторно планирање врз основа на члeн 69 став 1 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 39/16, 99/18) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник бр147/08), ја известува јавноста дека се донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ „Национален план за управување со отпад на Република Северна Македонија 2020-2030“ што го донесува Министерот за животна средина и просторно планирање. Со донесување на оваа одлука, отпочната е процедура за спроведување на стратегиска оцена на планскиот документ. Со цел вклучување на јавноста во подобрување на предлог-текстот на НПУО 2020-2030 во текот на негова подготовка како и за поголема транспарентност при донесување на планот од страна на министерот за животна средина и просторно планирањеи поттикнување на учество на јавноста при подготовка на документот, Ве упатуваме да го побарате на следниот линк: МЖСПП / Министерство / Сектор за просторно планирање.

Се надеваме дека со донесувањето на овој НПУО 2020-2030 ќе се реализираат активностите што треба да доведат до потребното подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во Р.С. Македонија, и ги охрабруваме сите засегнати страни да се вклучат во процесот со своиинформации и коментари со цел успешна и практична имплементација.

Националниот План за управување со отпад (НПУО) 2020-2030 за Република Северна Македонија. се фокусира на практичните начини за изнаоѓање на прифатливи и финансиски изводливи решенија за активностите што останаа не реализирани за време на изминатиот период.

Главните активности претставени во НПУО 2020-2030 се насочени кон подобрување на стандардите за управување со отпадот од домаќинствата во Р.С. Македонија, особено проблемите на еколошки небезбедното одлагање на отпадот на општинските нестандардни депонии, кои итно треба да се затворат и да се воспостават регионалните центри за управување со отпад. Исто така, НПУО 2020-2030 има за цел уредување на управувањето и со индустрискиот, медицинскиот отпад како и со посебните текови на отпад.

Новина во однос на претходниот национален план е тоа што како дел од овој план се вклучени и програми за посебните текови на отпад (отпад од пакување, отпадни батерии и акумулатори, како и отпадна електрична и електронска опрема), кои имаат за цел да дадат конкретни насоки за постигнување на целите утврдени во соодветните закони за посебните текови на отпад, особено во делот на количините пуштени на пазарот од овие материјали и производи, како и идни предвидувања и трендови на развој во наредниот десетгодишен период.