Партнерство за прогласување на Шар Планина за НП

Министерството за животна средина и просторно планирање со цел да овозможи транспарентност на процесот на прогласување на Шар Планина за национален парк, точно и навремено информирање на сите засегнати страни, како и активно вклучување на јавноста во процесот, е отворено за соработка со сите граѓански здруженија кои имаат желба да соработуваат. Вмрежувањето на МЖСПП и граѓанските организации и градењето партнерство ќе овозможи подобрување на меѓусебната комуникација, но и на комуникацијата со локалното население,  како и подигање на свеста и едукацијата на засегнатите страни за придобивките или извесните ограничувања што произлегуваат од прогласувањето на и управувањето со Националниот парк Шар Планина. Исто така, ќе овозможи и полесна, заедничка прекугранична соработка со телата за управување на националните паркови формирани на Шар Планина во Албанија и Косово и со други засегнати страни што се активни на територијата на националните паркови во прекуграничниот регион. Сето ова е во контекст на подробра заштита и правилно управување со природните ресурси што ќе овозможи одржливост на еко-системите.

Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес во овој процес, а согласно заедничката иницијатива од онлајн состанокот одржан кон крајот на месец мај, можат да се вклучат во мрежата со потпишување на Меморандумот за соработка што можете да го најдете тука.

Упатство: Сите НВО-и кои сакаат да е вклучат во оваа соработка потребно е да го потпишат Меморандумот за разбирање и (скениран или со електронски потпис) документот да го пратат на следниот меил: skj.mzspp@gmail.com