Најдобрите решенија за предизвиците во животната средина бараат партнерско работење

1(19.12.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари протоколарна средба со српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.

На средбата министерот Нуредини изрази подготвеност за унапредување на билатералната соработка меѓу двете држави во областа на животната средина, нагласувајќи ја важноста на заедничкиот напредок на ова поле. „Со заедничко работење на проекти за управување со животната средина стануваме поблиски и како соседи. Гледаме колку имаме заедничко и колку можеме да придонесеме со работење во партнерство за пронаоѓање на најдобрите решенија за предизвиците во заштитата на животната средина,“ нагласи министерот Нуредини.

Амбасадорката Дивјак-Томиќ согласувајќи се во целост со ставовите на министерот Нуредини, ја изрази подготвеноста да ја реафирмира идејата за заедничка стратегија и соработка на двете земји во претстојниот евроинтегративен процес.