МЖСПП работи на забрзување на постапката за изградба на пречистителната станица во Скопје

(08.02.2019г.) Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули оствари работна средба со советникот за економски прашања, Флоренс Добел, директорот на ЕГИС, Матие Лоусиер, директорот на проектот од Егис, Јаник Хемон и локалниот директор на проектот, Милослав Влахов.

Тема на средбата беше забрзување на постапката за изградба на пречистителната станица за третирање на отпадни води во Град Скопје. Притоа, двете страни дискутираа за стадиумот на реализација на активностите од проектот, потенцирајќи ги бенефитите од неговата реализација за граѓаните на главниот град на нашата држава.