Македонија без отпад 2018

mkbezotpad2018_1(15.09.20180) Денеска успешно се спроведе акцијата Македонија без отпад 2018 година, која министерството за животна средина и просторно планирање ја организираше во соработка со Град Скопје и здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје.

Имено заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски пред општина Кисела Вода го најавија почетокот на акцијата.

-“Денес и Македонија се вклучува во светскиот ден на чистење, а акцијата покрај тоа што ќе придонесе да се исчистат одредени површини има за цел да ја подигне јавната свест и потсети за одговорноста на сите нас во сочувувањето на нашата планета”-изјави заменик министерот Макрадули.

Активностите за собирање на отпадоците се одвиваа на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул.Србија.

Вработените во општина Кисела Вода заедно со граѓаните активно се вклучија во активностите за чистење на отпадоците.

Воедно, со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците беа и учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Имено, глобалната акција за чистење иницирана е од движењето „Let ’s Do it! World“ кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Општина Кисела Вода претходно ги информира граѓаните за Светскиот ден за чистење, со тоа што ги повика да мапираат локации на кои има нелегални диви депонии на отпад, како би помогнале за поголема успешност на претстојната акција за чистење.

Националната акција за чистење на отпадот се организира со целосна поддршка и од Владата на Република Македонија.