Заменик министерот Темелковски на десеттата седница на Советот за развој на Скопски плански регион

1(05.10.2015г.) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски присуствуваше на десеттата седница на Советот за развој на Скопски плански регион, со фокус на управувањето со отпад, која се одржа во просториите на хотел „Камник“.

На средбата учество земаа и претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Сокол Митровски, холандскиот амбасадор во Република Македонија Н.Е. Воутер Пломп, градоначалникот на градот Хуиз и потпреседател на Gooi en Vechtstreek регионот и член на Генералното Собрание, Фонс Хертог, градоначалниците од општините на град Скопје, како и заменик градоначалникот на градот Бусум, одговорен за регионалното управување со отпад Лиа де Ридер и програмскиот координатор за јавни прашања од регионот „Gooi en Vechtstreek“ Марк Масен.

- Билатералната програма за соработкапомеѓу Македонија и Кралство Холандија се фокусира на прашања од животната средина и обезбедува техничка помош за јавниот сектор на релевантните економски и еколошки теми преку краткорочни и среднорочни проекти, кои имаат за цел билатерална соработка и градење на капацитети – истакна заменик министерот Темелковски во своето излагање.

На Седницата, на која беа презентирани генералните карактеристики на регионите со фокус на управувањето со отпад, Митровски и Хертог го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу Скопскиот плански регион и регионот „Gooi en Vechtstreek“, Кралство Холандија.

Примарна цел на потпишаниот Меморандум е да се поттикнат активностите за зацврстување на меѓусебната соработка при остварување на надлежностите на локалната самоуправа, со посебен акцент на регионалиот развој.