Завршен ИПА проектот за проширување и рехабилитација на канализационата мрежа во општина Куманово

kumanovo_1Денес во Куманово и официјално се означи завршувањето на уште еден успешен инфраструктурен проект кој опфати проширување и рехабилитација на канализационата мрежа во општина Куманово.

-Оваа инвестиција е од исклучителна општествена важност за граѓаните на општина Куманово бидејќи се подобри зафаќањето на фекалните води со изградба и обнова на приближно 26 километри канализациона мрежа при што се изврши раздвојување на фекалните од атмосферските води, се намали опасноста од излевање на отпадните води и се подобрија еколошките и здравствените стандарди во општината – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки во своето обраќање.

Проектот е во вредност од 4 милиони евра и е финансиран од Европската Унија – Програма за регионален развој –EuropeAid 137138/IH/WKS/MK.

Во рамки на проектот се обезбедени и 1132 нови куќни приклучоци за граѓаните и се обезбедија услови за видно подобрување на работењето на Јавното комунално претпријатие – Водовод и за поголема ефикасност на пречистителната станица во општина Куманово.

На промоцијата присуствуваа и говореа и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и амбасадорот на Европската Унија во Македонија Н.Е. Самуел Жбогар.