Дураки и Винтон задоволни од соработката на полето заштита на животната средина

(31.10.2018) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари средба со г-ѓа Луиза Винтон по повод нејзиното заминување од функциите постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и постојан координатор на Обединетите Нации во Македонија.

На средбата, Дураки и Винтон ја поздравија остварената добра соработка што Министерството за животна средина и просторно планирање ја има со УНДП во Република Македонија во остварување на заедничките приоритети во повеќе области за заштита на животната средина.

Г-ѓа Винтон во заминување од својата функција во Македонија ги изрази своите очекувања да продолжи успешната соработка во реализирање на зацртаните еколошки цели за кои во државата веќе е поставена цврста основа.