Денот без автомобили Скопје го одбележа со традиционално велосипедско дефиле

1Со велосипедско дефиле по Скопските улици во кое учествуваа неколку илјади граѓани, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот денеска беше означен меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност која оваа година се спроведуваше под мотото  „Споделувањето те движи напред”.

Во парадата на велосипедистите им се приклучија заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски како и други видни личности од општествениот живот на Скопје,кои со своето присуство јавно ја поддржаа овогодинешната кампања на ЕНМ која ги промовира заедничките форми на транспорт како начин да се намали употребата на автомобили и да се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.

По тој повод заменик министерот за животна средина Макрадули, , порача дека, за да се оствари визијата на европската стратегија за декарбонизација која има за цел да се намалат километрите што ги прави едно возило и да се поттикнат навиките за поинтензивно користење возила со алтернативни извори за погон, треба да се променат навиките на граѓаните:

s13- Да ни стане практика редовно да возиме велосипеди, што почесто да го оставаме дома нашиот автомобил, да воведеме нови видови на јавен споделлив транспорт, да пуштиме friend requestна Фејсбукдо девојка или момче со електрично возило, преку мобилен телефон да договориме заедничко возење во Такси – истакна Макрадули.

Велосипедското дефиле заврши кај Школката во Градски парк каде беше организирана разновидна забавна програма, а на повеќе среќни добитници по пат на лотарија им беа доделени велосипеди, што ги обезбедија Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Европската недела на мобилностсе одржа од 16-22 септември, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање како национален координатор, при што во одбележувањето се вклучија 13 градови низ целата држава, а сите активности во главниот град беа реализирани од Градот Скопје во соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија и ЕУ Инфо Центарот, Скопје.

 

s2Денот без автомобили се реализираше и во Велес, Берово, Пехчево, Битола, Штип, Неготино, Кочани, Нов Дојран, Струмица, Охрид, Крива Паланка и Куманово.

YouTube Видеото од настанот е на следниот линк: https://youtu.be/rpEGUT1FSO8