Граѓаните на општина Липково ќе добијат постројка за пречиститување на вода за пиење

duraki8(15.09.2018) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и  градончалникот на општина Липково Еркан Арифи, денеска присуствуваа на почетокот на изградбата напостројка за пречиститување на вода за пиење во општина Липково. .

По тој повод, министерот Дураки во своето обраќање изрази задоволство што реализацијата на овој проект односно изградбата на постројката за пречиститување на водата за пиење во општина Липково, ќе придонесе за поквалитетен и подобар живот за сите  граѓани на општина Липково.

- “Со реализацијата на вакви проекти ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата и за заштитата на нашите природни ресурси, а што е најважно и за здравјето на населението, преку обезбедување на основното право за пристап до здрава и безбедна вода за пиење” – изјави министерот Дураки.

Во рамките на овој проект е предвидено изградба на Пречистителната станица за вода за пиење (прва фаза) и изградба на резервоар од 500 м3 за н.м. Липково со што ќе се создадат услови да може општината да ја развива водоводната мрежа и да ги снабдува со вода сите 22  наслени места.

Со изградба на цевковод во должина од 570 метри за поврзување на резервоарот со водоводната мрежа во н.м. Липково ќе се реши проблемот со снабдување со вода за нм Липково.

Вредноста на инвестицијата е 83 759 971 денари, од кои 74 752 581 денари  се средства преку Министерство за транспорт и врски преку кредитната линија на ЕИБ, а 9 милиони денари е финансиран од општина Липково.

Сите проекти на МЖСПП имаат траен ефект, што понатаму значи дека сите засегнати страни треба да ги преземат сите неопходни мерки од својата надлежност, во однос на нивно понатамошното непречено работење и одржување.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на заедничката соработка со локалните самоуправи и со граѓанскиот сектор, а се со цел да се обезбеди позелена и подобра иднина за сите граѓани.