51-ви состанок на Работната група за стратегии и прегледи

lrtap(30.04 – 04.05. 2013 год.)Во период од 30 април до 04 мај 2013 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржa 51-от состанок на Работната група за стратегии и преглед. На состанкот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска.

На состанокот беа презентирани мерките за редукција не емисиите во воздухот кои се преземаат од страна на земјите членки на ЕУ, како и проблемите со кои се соочуваат земјите од Југоисточна и Источна Европа во однос на ратификацијата и имплементација на последените три протоколи.

Претставникот од Република Македонија го презентираше статусот на  проблемите за имплементација на барањата на протоколите. Притоа, Република Македонија беше пофалена за напорите кои ги вложува за вклучување  во Анекс II од Гетборшкиот протокол и беше охрабрена освен овие вредности до управното тело на ЕМЕП да ги достави и проекциите за 2020 година.

Работната група одлучи во рамките на ЕМЕП програмата да се испланираат активности за техничка поддршка за подобрување на инвентарите на земјите во транзиција.