Учество на 16-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина

Zeneva_Katerina_NikolovskaНа 28.10.2019 година и 29.10.2019 година во Женева, Швајцарија, се одржа 16-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).

Согласно дневниот ред се дискутираше за активностите за имплементирање на заедничкиот информациски систем за животна средина и за имплементација на онлајн платформата за споделување на избраните индикатори за животна средина.

Детално се разгледуваше сетот на индикатори и ревидираниот темплејт за мета податоци за секој индикатор, за тематските подрачја: воздух (13 индикатори), вода (16 индикатори), отпад (4 индикатори) и трошоци за заштита во животната средина (1 индикатор). Се донесе заклучок кој од овие индикатори треба да биде подготвен до следниот состанок на работната група.

На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која беше активно вклучена во дискусијата за националните системи за известување во врска со основниот сет на индикатори за животна средина и состојбата со напредокот постигнат во однос на сите индикатори.