Тематска работилница за слатки води, Копенхаген, Данска

(19-20. 09 2013 год.) Во организација на Европската агенција за животна средина – ЕЕА, од 19.09.2013 до 20.09.2013 година во Копенхаген, Данска се одржа работен состанок на тема „Понатамошни чекори за подобрување на изветувањата за состојбата на водите до ЕЕА„.

На состанокот беа презентирани и дускутирани следниве теми:

-   Собирање и контрола на квалитетот на податоците

-   Процесот на известување

-   Користење на тие податоци по DPSIR – рамката

Цел на состанокот беше подобрување на соработката меѓу земјите членки и ЕЕА, која ќе придонесе  успешна и ефикасна ЕЕА проценка, активности, влијанија за обезбедување и доставување на потребните податоци.