Студиска посета на Австрија за имплементација на NEC директивата

umwelt(04-08.03.2013) Во Агенцијата за животна средина во Австрија во рамките на програмата TAEIX, беше одржана студуска посета во однос на имплементација на Директивата за национални емисиони плафони (NEC). На обуката од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваа м-р Маријонка Виларова и м-р Александра Несторовска-Крстеска.

Во рамките на посетата се дискутираше структурната поставеност на тимот за инвентаризација, начинот на прибирање на податоци и спроведување на процедурите за контрола на квалитет при подготовка на CORINAIR инвентарот. Воедно се дискутираше последниот испратен CORINAIR инвентар за емиисии од страна на Република Македонија, во однос на тоа како да се подобри достапноста на податоците, особено во секторот земјоделие, со особен осврт на начинот на подготовка на рекалкулациите и пресметка на емисиите на PM10 и PM2.5. Во однос на директивата NEC исто така беше објаснет начинот на дефинирање на емисиони плафони, подготовка и имплементација на Национална програма за редукција на емисии и периодот на интерсекторска соработка. Стекнатото знаење ќе се примени за подбрување на следниот емисионен инветар и имплементација на NEC директивата.