Состанок на EIONET за информативни системи за заштита на животната средина (EIS)

KopenhagenВо период од 21-22.11.2018 година во Копенхаген Данска, во организација на Европската агенција за животна средина се одржа состанок на EIONET за информативни системи за заштита на животната средина.

На состанокот беа прикажани најдобрите практики на Национални информативни системи за животна средина и алатки за пристапување до податоците на ниво на Европската унија.

Беше дискутирано и користењето на INSPIRE моделот во процесот на репортирањето на податоците за заштита на животната средина и начинот на реупотреба на гео податоците. Сите учесници на состанокот информираа за користењето на INSPIRE моделот при репортирање во нивните земји. За Република Македонија беше нагласено дека репортирањето се врши преку порталот за квалитет на воздух. Исто така беше нагласено дека треба да почне нов проект на развој на Национален информативен систем на Република Македонија кој треба да опфати и изработка на геопортал.

Главна тема на состанокот беше запознавање и преглед на новиот Reportnet 3.0. Од страна на ЕУ експерти беше прикажана архитектурата на Reportnet 3.0, беа објаснети принципите и значајните аспекти на новиот систем за репортирање. Се дискутираше за проблемите при процесот на репортирање, техничките и софтверските решенија за одредени проблеми како и за следните чекори кои треба да се направат.

На овој состанок присуствуваше Валентина Димитриевска, помлад соработник, систем администратор за техничка подршка од Македонскиот информативен центар за животна средина.