Работилница за Директивата за национални граници – плафони, во организација на работната група за квалитет на воздух и индустриски емисии во рамките на ЕРРА

1
Во периодот од 16-17.01.2020 година воВиена, Австрија, се одржа работилница за Директивата за национални граници – плафони, во организација на работната група за квалитет на воздух и индустриски емисии во рамките на ЕРРА (EU Environment Partnership Programme for Accession), и начинот на имплементација на оваа директива.

На состанокот присуствуваа следните преставници од нашето министерство:

Јани Макрадули – заменик Министер за животна средина и просторно планирање
Анета Стефановска – Раководител на одделение, МИЦЖС
Александра Несторовска-Крстеска – Советник, МИЦЖС
Мартина Спасовска – Советник, МИЦЖС

Освен претставници земјите од Западен Балкан и Турција, на состанокот присуствуваа и предавачи од земјите на ЕУ, кои го споделија искуството во имплементација на оваа директива во однос на подготовка на инвентари на емисии на загдувачки супстанци и проекции, подготовка на Национална програма за контрола на аерозагадување како и мониторинг на ефектите од аерозагадување.

На работилницата, претставниците на балканските земији ги споделија искуствата за досегашната имплементација на оваа директива и целосна транспозиција, повеќе фокусирајќи се на подготовката на националните инвентари на загадувачки супстанци во воздухот. Од наша страна статусот на имплементацијата на наведената директива   во нашата заемја, како и искуството во подготовката на инвентарите и имплементација на процедурите за контрола на квалитетот на податоците ги презентираше Александра Несторовска-Крстеска – Советник, која е номинирано лице за транспонирање и имплементација на Директивата за национални граници-плафони.