Одржан регионален состанок за квалитет на воздух за земјите од Западен Балкан и 18та ЕИОНЕТ работилница за оценка и управување со квалитет на воздух

eea1(23-25.10.2013 год.) Во организација на Европскиот тематски центар за воздух и климатски промени, Европска агенција за животна средина, се одржа регионален состанок за квалитет на воздух за земјите од Западен Балкан на 23.10.2013 година и 18та ЕИОНЕТ работилница за оценка и управување со квалитет на воздух од 24.10 до 25.10.2013година во Даблин, Ирска.

На ЕИОНЕТ работилницата се дискутирашеза ревизија на ЕУ легислативата во 2013 година, како и за имплементација на истата. Исто така, беа презентирани и извештаи од релевантните организации, мрежи и проекти (WHO, AQUILA, FAIRMODE, GMES, релевантните тела на Конвецијата LRTAP).

Главен акцент на оваа работилница беше даден на промената на известувањето за квалитет на воздух и воведувањето на е-известувањето, со цел имплементација на одлуката 2011/850/ЕУ за реципрочна размена на информации и известување за квалитет на воздух.

Додека пак, на еднодневниот регионален состанок за земјите од Западен Балкан исто така се дискутираше за новиот начин на известување, како и проблемите и искуствата во однос на дефинирањето на зоните и агломерациите за квалитет на воздух.

На состаноците активно учествуваше Анета Стефановска, раководител на одделение за мониторинг на квалитет на амбиентниот воздух од Министерство за животна средина и просторно планирање