Одржан овогодинешниот Clean Air Forum во организација на Европската Комисија

Bratislava_Svetlana_GjorgjevaВо период од 27.11-30.11.2019 година во Братислава, Словачка, се одржа Clean Air Forum, во организација на Европската Комисија од Брисел. Форумот за чист воздух, беше фокусиран на четири теми: амбиентален воздух и здравјето, амбиентален воздух и енергетика, амбиентален воздух и земјоделие, како и механизми за финансирање на активности за чист воздух.

На овој форум беа присутни гости од клучните институции на Европската Унија, носители на одлуки од владите на земји членки во ЕУ, како и експерти за политики за амбиентален воздух на централно и локално ниво.

Дел од фокусот и тематските насоки беа и во контекст на информирањето на учесниците за развојот и имплементацијата на ефективни политики, проекти и програми за амбиентален воздух, со што учесниците имаа можност да добијат информаци и анализи, директно од највисоките носители на функции на европско ниво.

На овогодинешниот Форум за чист воздух во Братислава, учествуваа Светлана Ѓорѓева, Раководител на сектор Македонски информативен центар за животна средина, и шефот на кабинетот на Министерот, Арсим Фидани. Учеството на овој форум е од особена важност во однос на следење на најновите практики, политики и програми за амбиентален воздух, и пренесување на искуствата во Министерството за животна средина и просторно планирање.