Заврши Проектот “Имплементација и ратификација на Протоколот за тешки метали, Протоколот за POPs, и Гутенбуршки протокол”

(05.09.2012) Проектот “Имплементација и ратификација на Протоколот за тешки метали, Протоколот за POPs, и Гутенбуршки протокол” имаше за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан преку подготовка на акциони планови да ги ратификуваат наведените протоколи и да имплементираат дел од нивните барања.

Проектот беше координиран од страна на UNECE, а за секоја од земјите беа обезбедени средства од страна на Кралството Холандија. Проектот се спроведуваше во период од 16.10.2009 до 05.09.2012 година, а активностите се одвиваа во две фази и тоа прва (елаборациона) и втора (имплементациона) фаза. Треба да се напомене дека единствено, Република Македонија од сите земји учеснички, успеа да ги реализира сите предвидени актвиности во рамките на двете фази од проектот.

Во ракмките на проектот се подготвија:

Национален акционен план,

Национален план за заштита на воздух,

Национална програма за редукција на емисии,

Идентификација на извори на тешки метали,

Извештај од мерење на тешки метали,

Извешатај за инвенаторот-2010,

Инвентар за тешки метали и рекалкулации на загадувачките супстанци во рамките на CORINAIR инвентарот