Годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија

Во периодот од 12.11.2018 до 16.11.2018 GLOBE_Tuluzгодина во Тулуз, Франција, се одржа годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија во рамки на програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина на која учествуваа претставници од 23 земји.

На конференцијата од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, која ги спроведува активностите на GLOBE програмата во Македонија, а истовремено е и GLOBE тренер.

  • Учесниците од секоја земја имаа презентација за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата
  • Се одржа обука за спроведување на протоколите за атмосфера и хидроологија и обука за GLOBE тренерите
  • Се дискутираше за учество во проекти кои се спроведуваат во рамките на програмата и администрирање и користење на новата веб страна на Програмата
  • Се разгледуваше програмата за работа и стратешкиот план за 2019 година
  • Особено корисни беа споделените искуства помеѓу земјите учеснички.