„Безбедносни последици од идното користење на водните ресурси во Земјите од Западен Балкан„ Љубљана, Словенија

(30.09.-01.10.2013 год.) Во организација на Европска Агенција за Животна средина – ЕЕА, од 30.09-01.10.2013 во Љубљана, Словенија, се одржа состанок на тема „Безбедносни последици од идното користење на водните ресурси во Земјите од Западен Балкан„

slovenija

На состанокот присустуваа претставници од ЕЕА, универзитетски професори од областа на климатски промени, хидроенергија и користење на водните ресурси, и претставници од Земјите на Западен Балкан како што се: Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, и останати меѓународни тела.

На состанокот се дискутираше за расположливите водни ресурси и влијанието на климатските промени врз количината на водни ресурси во Земјите на Западен Балкан.