Работилница за Политики за имплементација на Агендата за одржлив развој од 2030 година

Minsk_RabotilnicaВо периодот од 20.11.2018 до 23.11.2018 година во Минск, Белорусија, се одржа работилница за “Политики за имплементација на Агендата за одржлив развој од 2030 година: размена на најдобри практики врз основа на Упатствата на УНЕЦЕ за оценка на животната средина”. Работилницата е организирана од UNECE – Програма за изработка на Преглед на состојбите со животната средина во соработка со Министерството за природни ресурси и заштита на животната средина на Белорусија.

Работилницата имаше за цел да ги потенцира ефективните решенија за унапредување на правната, политичката и институционалната рамка за спроведување на Агендата за одржлив развој од 2030 година преку размена на искуства врз основа на подготовка на Преглед на состојбите со животната средина.

Работилницата беше наменета за учесниците со практично искуство во учеството во формулирањето на националните политики за спроведување и следење на Агендата за одржлив развој од 2030 година, особено на 17 цели за одржлив развој и индикаторите за одржлив развој.

На конференцијата од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, која го координира процесот на изготвување на индикатори за животна средина и известување за состојбата на животната средина а исто така е и координатор на поглавјето 4 – Мониторинг и информативен систем од третиот Преглед на состојбите со животната средина во Република Македонија.

  • Сите учесници имаа презентација за активностите имплементирани во земјата кои се однесуваат на Целите за одржлив развој.
  • Беа презентирани добри практики од земјите во процесот на интеграција и имплементирање на Целите за одржлив развој на национално ниво.