-

enpi(19-21.09.2012 год.) Во Скопје – Хотел Александар Палас, се одржа конференција со наслов “Насочување на базите на податоци и форматите за размена на информации”, организирана од страна на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, ја отвори  конференција која е организирана во рамки на проектот “Кон заеднички информативен систем за животната средина во Европа (SEIS) и Европското соседство – ENPI-SEIS”,  имплементиран од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

Учесниците кои беа поканети на оваа конференција доаѓаат од земјите на Европското соседство[1] и Русија, и се номинирани членови во Работната група за информациски технологии – формирана во рамки на ENPI-SEIS проектот.

За Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, оваа конференција беше можност да се пренесат искуствата од долгогодишната соработка со ЕЕА и успесите во информирањето за состојбата и перспективата на животната средина.
——————————————————————————–
[1]  Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Палестина, Тунис, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина