Учество на практична обука за изработка на Интегриран извештај и проценки за состојбата на животната средина

Kopenhagen_sostanok_13-16.05.2019Во периодот од 26-31.08.2019 година во Копенхаген, Данска, се одржа практична обука за изработка на Интегриран извештај и проценки за состојбата на животната средина во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

На практична обука учествуваше Катерина Николовска, во својство на Национален референтен центар – експерт за изработка на извештаи за состојбата на животната средина.

На обуката имаше презентации од страна на повеќе експерти од Европската агенција за животна средина и професори на факултетот. Презентациите се однесуваа на:

  • Принципите, концептот, начинот на оценување и клучните карактеристики на интегрираните извештаи за животна средина
  • Унапредување на извештајот од интегриран извештај за состојбата на животната средина во интегриран извештај за одржлив развој на животната средина
  • Добри практики на национален интегриран извештај за состојбата на животната средина – Белгија
  • Индикаторите како алатка во процесот на подготовка на интегрирани извештаи и поврзаност со целите за одржлив развој

Во рамки на обуката се работеше во 5 работни групи. Секоја работна група изработи нацрт интегриран извештај за одржлив развој на животната средина, поврзан со една од целите за одржлив развој. Истиот потоа беше презентиран на пленарната седница.