Редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина

eea(17-18.10.2012) Во Луксембург се одржа редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина, како и посебна координативна сесија за координаторите од земјите од Западен Балкан.

На овој редовен состанок, националните координатори за соработка со ЕЕА имаа можност да се запознаат со статусот и планирањето на активности од страна на ETC – тематските центри, во чија редовна работа, нашите национални експерти имаат редовно учество и допринос кон клучните програми и извештаи на агенцијата. На состанокот беше презентирана и анализата на клучните процеси за управување со агенцијата и усвоените работни програми.

Целта на координацијата со претставниците од Западен Балкан беше, утврдување на насоките за активностите, целите и предизвиците на соработката преку сегашната IPA поддршка и проект со кој се овозможува продолжување на поддршката на националните експерти за учество во работата на Агенцијата.

Тематските насоки за пленарните сесии се однесуваа на работната програма на ЕЕА, како и процесите на екстерната ревизија на агенцијата од страна на Европската Комисија, а за што е потребно учество и на националните координатори.