-

unece(30.10-02.11.2012 год.) Во организација на UNECE (Економска комисија за Европа на Обединетите нации) и UNSD (Секторот за статистика на Обединетите нации) во Женева, Швајцарија се одржа работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг. На овој работен состанок учествуваше Катерина Николовска, Национален рефернтен центар за соработка со ЕЕА, како претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На состанокот учествуваа претставници од ЕЕССА земјите, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Европската агенција за животна средина и останати меѓународни тела.

Согласно дневниот ред се работеше четири работни дена, и тоа првите два дена 7 работни сесии за делот за индикатори, а 8 работни сесии во делот за мониторинг. Од земјите учесници се бараше да подготват национални извештаи за употреба на издикатори за животна средина, мониторинг и известување за состојбите со животната средина, кои беа презентирани од сите претставници од земјите. Исто така се презентираа и прашалниците за 6-те индикатори за животна средина, кои беа детално разгледувани на состанокот.